На аеродромот во Белград, утрово, такси возило налетело на автомобил кој бил дел од придружбата на министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, информираат српските медиуми. Возилото од придружбата на Дачиќ во моментот на ударот било паркирано.

Дачиќ за медиумите изјавил дека во тој момент делегацијата предводена од него, сеуште не била стигната на аеродромот, а возилата од министерството ја чекале делегацијата.

– Возилата од мојата придружба не беа во движење кога налета такси возилото. Тоа беше пред моето доаѓање. Кога делегацијата пристигна све беше во ред. Некои возила се удрени и оштетени, а луѓето кои беа во нив беа на лекарски преглед, изјавил Дачиќ.

OhridNews