Советот на општината Охрид на седницата што се одржа денеска го одби барањето на автопревозниците за поскапување на на такси превозот во Охрид. Таксистите бараа стартот од досегашните 30 треба да се покачи на 50 денари, а корекции се бараа и во цената за изминат километар која сега изнесува 15 денари.Покачување на цените на такси услугите не ја доби поддршката на советниците.

Советникот Боро Павлоски рече дека  мора да се знае точниот број на такси-превозници за да се утврди и реалната цена. За Иван Огненов, Советот е тело што се грижи и ги штити интересите на сите граѓани. „ Не смееме да им подлегнеме на предлозите на таксистите“, додаде Огненов. Таксиситите пред сезоната нека си ја побараат среќата во овој бизнис, порача Спирко Николовсски кој предложи да се донесе Кодекс  на однесување на таксистите, кои често се несоодветно облечени, не ги даваат бараните услуги или ги дочекуваат патниците со полни пепелници во такси-возилата.

Советничката група на ВМРО-Народна денеска побара да се забрани движење на мотори на две тркала  по сите улици во стариот дел на Охрид во времето од 20 часот до 5 наутро.Како што рече советникот од оваа партија, Јоне Станкоски, ова се предлага заради поголема безбедност во сообраќајот низ тесните улици, но и заради бучавата што с есоздава во времето кога во стариот дел се одржуваат повеќе културни настани. Иако, беше усвоен, предлогот предизвика реакција кај Зоран шикалоски, советник по сообраѓај на градоначалникот Петрески. „ Овој предлог е содржан во  Одлуката за забрана за движење на секаков вид возила во стариот дел, а тука спаѓаат и моторите.  Советниците не ги познаваат доволно термините во сообраѓајот. Ние уште малку можевме да донесеме и одлука за забрана на движење на пешаците“ , изјави Шикалоски и додаде дека овој став е многу тешко да се регулира.

На денешната седница се расправаше и по неколку урбанистички точки. Беа прифатени  тримесечните извештаи  за остварените резултати на Јавното претпријатие Ќ Охридски комуналец“ и  на работните единици на МЈП„Проаква“, „Колектор“ и „ Водовод“. Меѓу другото, с едаде согласност и на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши „Охридски Комуналец“.

Александра Ристоска