Завршува туристичката сезона, полека и сигурно, а тоа за охридските таксисти значи дека повеќе ќе муабетат и ќе се жалат на „немање работа“. Можеби си мислеа дека сезоната ќе трае вечно, односно забораваат дека во јули и половина август од граѓани бараа по 500 денари за градска релација („ќе фателе јака тура за по плажи, затоа“). За повик, од дома или работа се чекаше и по еден час (ајде, до некаде разбирливо). Такви случаи пријавија многу наши сограѓани и туристи, некои дури и ги објавивме во нашиот весник.


14.00 часот. Кај пошта.

Ваквиот негативен имиџ го створија неколкумина несовесни и лакоми такси-превозници, кои сакаа со јака „сезона“ (читај пренаплатување услуги) да ја извадат цела година. Оваа тешка и непризнaена професија уште повеќе губи во очите на граѓаните со вакви „итроштини“. Како што знаеја да протестираат масовно за своите (заслужени) права, нека ги отстранат ефикасно и црните овци во своите редови.

С. Костоски