Eден Њујоршки таксист го претворил своето задно седиште во вистинско уметничко ателје. На секој муштерија кој ќе влезе во неговото такси, Фабио Пералта му нуди хартија и молив и го замолува нешто да нацрта.

Пералта, по потекло од Доминиканската Република собрал 7000 цртежи, а меѓу нив има мотиви на канаринци, планини, претседателот на САД, како и цртежи со порнографска содржина. Откако ќе собере доволен број, тој ги сортира во збирки и им ги дава на муштериите да ги разгледуваат.