Роби Вилијамс на својот твитер профил им се заблагодарил на обожавателите за поддршаката и љубовта, и додал дека му е подобро, но и дека сеуште не се чувствува доволно добро да стане од кревет. „Take That“ морале да го откажат својот настап во Копенхаген во Данска бидејќи Роби се отрул со јастог во хотелот каде бил сместен.


Им се извинал на фановите поради пропуштениот концерт. Објавил фотографија на која лежи како би можеле сите да видат дека навистина не се чувствува добро. Наводно се повеќе се засилуваат недоразбирањата помеѓу него и останатите членови на бендот. Тие сметаат дека Роби настапува со нив само како би ја оживеал својата кариера.