Тајванец кој тешко се соочил со фактот дека неговата девојка е мртва, влегол во мртвачницата и легнал во фрижидерот поокрај нејзиното тело. Но после половина час го откриле работниците во мртовечницата и го спасиле од сигурно смрзнување. Тие забележале невообичаено висока температура во еден од фрижидерите и дека вратата не била добро затворена.
„Раководителката на мртовечницата, откако ја отворила вратата и во фрижидерот видела две тела, почнала хистерично да вришти и плаче. Долго и требаше да се смири“, раскажуваат нејзините колеги.
Мажот пред да легне во фрижидерот покрај неговата мртва девојка, испил голема количина таблети за спиење, како би го забрзал, се претпоставува, самоубиството.
Девојката умрела 2 дена претходно, земајќи голема количина на апчиња за спиење.