Еден 66 годишен тајванец единаесет пати бил измамен на ист начин, соопштила полицијата. Тој преку интернет добивал лажни известувања дека на лотарија освоил премија, но дека мора да уплати одредена сума за трошоци и данок, за да може премијата да му биде исплатена. Човекот секој пат верувал и плаќал, така на измамниците им дал нешто повеќе од 100.000 долари. 


„Неверојатно е што секој пат доаѓаше кај нас да пријави дека е измамен. Наспроти тоа што постојано му зборувавме да не плаќа ништо додека не провери, но тој тоа постојано го правеше“ – рекол портпаролот на полицијата.

Мажот вели дека е свесен дека го лажат, но се надева дека еден ден ќе му ја исплатат добивката.

„Само една исплата би била доволна да си ги вратам парите“ – вели непоправливиот оптимист.