Властите во Тајван усвоиле закон со кој се легализира проституцијата во специјално обележани квартови, со кој се завршува казнувањето на проститутките. Парламентот го усвоил законот после долга и жолчна расправа, бидејќи противниците на забрана навеле дека таа не е фер спрема жените и барале усвојување на закон кој би ја одржувал денешната релативна еднаквост меѓу половите.
Локалните власти можат да одредат каде ќе бидат специјалните квартови, а во новиот закон било наведено дека оние кои учествуваат во трговија со секс надвор од квартовите можат да бидат казнети со парична казна од 1000 до 2000 долари. Тајванскиот министер за внатрешни работи рекол дека проституцијата е дозволена во специјални зони. Тој рекол дека жителите на тие квартови би можеле да се противат на тоа, но и дека е потребно такви квартови да постојат како би одговориле на човечките потреби.