Откако поради болното раскинување отишла на Бали како би го преболела поранешното момче, изгледа дека славната манекенка е повторно спремна за љубов. Имено, љубопитните минувачи ја фотографирале 38-годишната Тајра Бенкс на состанок со 25-годишниот рапер Дрејк. Парот уживал во Дизниленд, а фотографиите биле објавени на сајтот DizzyDrake.com.
На фотографиите може да се забележи како парот ужива во заедничките моменти, а нивното лежерно однесување само допринело за опуштената атмосфера. Да потсетиме, Тајра пред Дрејк била во тригодишна врска со еден банкар од Њујорк, а Дрејк кратко се забавувал со Ријана и Ники Минај. Времето ќе покаже дали оваа врска ќе потрае, но во секој случај тие се еден навистина посебен пар.