Големо изненадување им приреди поранешната манекенка Тајра Бенкс на своите обожаватели, објавувајќи на Инстаграм дека стана мајка. Иако никој не знаеше дека детето е на пат, таа веќе истото го доби. Со момчето Ерик, познат фотограф, доби син. Малиот го добија со помош на сурогат мајка.
Тајра на Инстаграм објави фотографија од детско капче, покрај која напиша дека бебето ги има нејзините големи очи, а устата и брадата се на таткото. Се заблагодари на како што вели, ангелот од жена која им го носеше ова чудо, и се моли за сите кои се борат да ја остварат оваа среќа. Детето доби име Јорк Бенкс Асла. Со 42 години ова е прво нејзино дете. Се чини дека покрај маркетинг фотографот пронајде среќа. Тајра и Ерик се во врска две години.