Некогашниот модел Тајра Бенкс ќе снима емисија базирана на својот живот, и тоа за деновите кога била манекенка. На идеја дошла откако го распродала биографскиот роман “Fivehead”. Емисијата ќе се прикажува на каналот „ABC“. Во неа Тајра ќе раскажува за деновите кога била манекенка, ќе бидат прикажувани снимки од ревиите, но и делови од нејзиниот приватен живот.

Рекла дека кога имала 11 години нагло ослабела и започнала да расте. Дотога изгледала како мал насилник. Потоа одеднаш станала вистинска убавица. Ѕвездата додала дека во детството била доста расеана. За се што ќе направеле другите деца таа била виновна. Ја сметале за најпроблематично девојче. Кога започнала да се менува во тинејџерските денови, сите мислеле дека е болна.