Една од најпопуларните светски манекенки Тајра Бенкс си ја исполнила својата долгогодишна желба да заврши факултет. Таа одлучила да ги приведе студиите кон крај бидејќи се повлекла од модните писти, а дипломирала на високото бизнис училиште на Харвард. Таа денес има сопствена емисија „Тајра ток шоу“.
Инаку, списанието „Пипл“ неодамна пишувало дека поранешната манекенка доживеала романска како онаа во филмот „Јади, моли, сакај“. Имено, таа после болното раскинување се упатила на Бали, на духовно патување со пријателите, и токму на тоа патување доживеала нова голема љубов.