Ако ви е желба да отидете до Милано и да го видите ремек делото на Леонардо Да Винчи „ Тајната вечера“ а не сте во можност тоа да го направите, од денес не ни морате. Се што ви треба е интернет приклучок.

Имено од денес на глобалната мрежа е поставена фотографијата од „Тајната вечера“ во резолуција од дури 16 милиони пиксели-1.600 пати повеќеод онаа која може да се постигне со обичен фотоапарат од десет пиксели. Високата резолуција ќе им овозможи на стручњаците анализа на деталите  на оваа ѕидна слика од 15-от век  вклучувајќи и траги од скици кои Леонардо ги нацртал пред да го наслика главниот мотив.

Впечатокот ќе биде како да стоите на сантиметар од сликата, за разлика од обичните фотографии кои стануваат зрнести кога зумирате, изјавил кустосот Алберто Артиоли. Ќе може да се види дури и проѕирноста на чашите како и степенот на оштетеноста на сликата.

Освен што ќе им пружи подобар увид на стручњаците и љубителите на уметноста, проектот ќе пружи и историски документ за тоа каква била состојбата на сликата во 2007 година што ќе им користи на идните генерации историчари на уметност. Фотографијата може да се види на интернет страницата:

http://www.haltadefinizione.com/en/

Ј.М.