На неодамна одржаното доделување на наградите „Оскар“, Гвинет Палтроу ги воодушевила сите присутни со својата појава и фигура, а потоа и самата открила дека тајната на нејзината виткост се крие во чаша црно „Гинис“ пиво.
Таа истакнала дека пред секој настап пие по една чаша од пивото „Гинис“ кое е нејзино омилено.
Познато е дека црното пиво има многу хранливи состоји и само 200 калории. Меѓутоа, покрај тоа што ужива во пивото и јаде се што ќе посака, Гвинет признава дека за добра линија е потребно и потење во теретана. Таа веќе подолго време работи со познатиот фитнес инструктор Трејси Андерсон, која работи и со Мадона.