„АROMATIC“- Третман за разубавување со есенцијални масла и растителни концентрати
Природата создала решенија со кои човекот се лекувал повеќе од 10.000 години. И GUINOT ја искористи тајната моќ на природата да ги “извлече” есенцијалните масла и растителните концентрати кои влијаат врз вашата кожа и ја прават да биде убава, освежена и сјајна.
AROMATIC третманот е ексклузивна релаксирачка ароматерапија за Вашето лице.Третманот се изведува со помош на природните растителни концентрати и ладно цедени есенцијални масла соодветно избрани според типот на вашата кожа.
Ослободете го вашето лице од секојдневниот стрес и разбудетесе освежени со AROMATIC третманот!
AROMATIC Третманот започнува со нежна масажа на лицето,главата,вратот и деколтето изведувајки специјализирана техника за нежно притискање на одредени точки притоа употребувајки есенцијални масла соодветно избрани според типот на вашата кожа.Така опуштени ,вие ќе се создадете во рацете на професионалниот Guinot терапевт кој ке го заврши третманот со маска ид растителните концентрати.
На крајот од третманот вашата кожа е видливо поубава и дополнета со неопходната енергија од есенцијалните масла.
Со AROMATIC третманот кожата го воспоставува сопствениот баланс,дополнета е со енергија и зрачи со блескав сјај.
Следејќи ја програмата за AROMATIC третманите препорачана од вашиот GUINOT терапевт, ке забележите дека по завршување на третманите бојата на кожата и тенот се посјајни.Кожата е смирена,поубава и одморена.
Ако се погледнете во огледало, по третманот ќе забележите релаксираност на контурите,вашето лице ќе изгледа одморено и ќе зрачи природна убавина.
Најдобри резултати се постигнуваат со серија од три третмани.
Третманот е достапен единствено во Guinot салоните и се изведува исклучиво од обучени Guinot терапевти.
OhridNews