Познатиот голфер Тајгер Вудс потврдил дека е во врска со скијачката Линдзи Вон. Спортистот ги замолил новинарите да ја почитуваат неговата приватност. Во соопштението на сајтот на Вудс стои дека тој и Линдзи биле пријатели извесно време, но во последниве месеци се се променило и сега се забавуваат.

Линдзи Вон едно време ги негирала гласините дека е во врска со голферот, но во интервју за списанието „Пипл“ потврдила дека е вљубена во него. Таа рекла дека најпрво биле пријатели а потоа се прераснало во нешто друго. Била многу среќна. Тајгер има репутација на лошо момче. Голферот ја изневерил својата поранешна сопруга со дури 14 љубовници.