Контраверзниот голфер Тајгер Вудс треба да се пресели во својата вила на Флорида која вреди 60 милиони долари, а имотот содржи патека за трчање, и нормално, терени за голф. Тајгер, кого разводот од Елин Нордегрен многу го чинеше, на својот блог поставил фотографии од својот нов дом и рекол дека е возбуден што наскоро ќе се пресели таму.


Пред разводот Тајгер и Елин со месеци го планирале секој детал на овој дом, но соништата за оваа вила како семеен дом набрзо пропаднале откако биле обелоденети сите афери на познатиот голфер. По разводот, кој наводно на Вудс го чинел 100 милиони долари, поранешниот светски првак ја трансформирал вилата во вистинско место за заведување.