Тајгер Вудс (34) во петок за прв пат ќе проговори за своите љубовни афери кои ја разбрануваа светската јавност и кои му предизвикаа големи проблеми во неговиот живот на сите полиња, почнувајќи од бракот па се до спортскиот живот.


Голферот ќе зборува пред камери за своето минато, Јавно ќе се извини на сите, но никој нема да смее да му поставува прашања. Тоа ќе му биде прво појавување во јавноста по низата скандали.