Поранешната сопруга на Тајгер Вудс, по разводот му го вратила свадбениот подарок, јахтата “Privacy”, која проблематичниот голфер веднаш ја ставил на продажба, а за неа бара 25 милиони долари. Јахтата ја купил 2004 година за 20 милиони долари, и и’ ја подарил на својата тогашна сопруга Елин Нордегрен, а таа по разводот му ја вратила, бидејќи не сакала да издвојува по два милиони долари годишно за нејзино одржување.


Јахтата моментално е закотвена во Норт Палм Бич, а еден локален изработувач на јахти рекол дека таа е преценета. Славниот голфер, кој сега има нова девојка, 22-годишната студентка Алис Лахти, неодамна си купил помал брод за 3,1 милиони долари.