Во клиниката за лекување од сексуална зависност голф играчот морал да направи список на жените со кои спиел за време на бракот кој траел пет години. Списокот бил долг дури четири страници. Аферата со 21-годишната Рејчел Кудриет, ќерка на нивни сосед на Флорида, која Вудс ја познава од нејзината 14-та година, била капката која ја прелила чашата на сопругата Елин, шведски модел.
Ја завел минатата година на само неколку метри од куќата додека неговата сопруга се грижела за новороденото дете. Наводно младата соседка не се нашла на списокот на Тајгер. За неговата сопруга тоа било најлошото неверство.