Климе Лотески и неговата тајфа, Наум Лотески, Иван Лотески, Вангел Ќосески, Тодор Ангелоски и Оливер Иваноски беа најсреќните охриѓани кои денеска, на денот на рибарите го фатија бурето со 100 литри вино фрлено во водите на Охридското Езеро кај месноста „Сараиште“.
„ Чест ни е што го фативме бурето со вино. Одлучивме виното да го поделиме на сите шестмина и да го испиеме“ изјави по излегувањето од езерото, Климент Лотески. Нему капењето на овој ден му е 26-по ред.
Меѓу неколку стотини капачи денеска традиционално беа охридскиот градоначалник, Александар Петрески и евроамбасадорот, Ерван Фуере.
Атмосферата беше збогатена топла ракија, вино, риба , оро, македонска музика и неколку илјади посетители.
А.Р.