Екипата на Струга Трим Лум со продолжување на еден и раскинување на друг договор ги започна активностите во летниот преоден рок.
Најмалку уште две сезони во струшкиот прволигаш ќе игра капитенот Фљамур Таири додека слободен агент е дефанзивецот Арбен Тафо.
„Црвено белите“ околу Таири ја градата играта на средината од теренот додека ќе бидат пред вистинско искушение да најдат стопер со квалитетите какви што поседува Тафо. Тој три сезони наназад беше столб во последната линијата од екипата.
Стружани ги очекува возбудлив и содржаен летен преоден рок бидејќи тренерот Срѓан Захариевски мора да состави квалитетна екипа во борбата за опстанок или пак високите места на табелата.
OhridNews