Во болниците во Велика Британија децата добиле разни играчки во вредност од 13 000 евра.
Неколку камиони играчки стигнале пред болницата во Бирмингем. Во наредните неколку дена децата низ целата земја ќе добијат играчки.
-Би сакале да се заблагодариме на анонимниот подарувач. Играчките на децата ќе им го разубават Божиќ – изјавила директорката во фондот за помош на деца.
Испадна дека Дедо Мраз нема брада, бидејќи во овој случај се работи за жена која сакала да остане анонимна.
Сакала да му врати нешто на друштвото, а најубаво е да им се помогне на малите деца кои се болни.
– Секој Божиќ илјадници деца лежат во болница. Некои од нив се премногу болни. На овој начин сакав да им ја вратам насмевката на лицето. Сакам да останам анонимна бидејќи тоа го направив од добрина, а не да го привлечам вниманието на јавноста – изјавила жената.