Ти
Микро точка на глобусот
Златна вода во космосот
Кој не те сака.

Доверлива божествена љубов
За секогаш
Свет
Ако постои вечниот рај
Тогаш ти си двојна рајска убавина
Нашето здраво срце
Како прескрасна ќерка или убав син
Со сини кристални мили очи
Длабока свежа убавина

Ние ја чуваме твојата магија
Во нефер
Болен свет
Со неподвижни и нејасни насоки во днвениот режим
Опкружен си со грди згради
Како бетонски контејнери

Ти
Единствениот (уште) не руиниран дел
Не
Немој да дозволуваш разгалени туристи со „last minute“ аранжмани од 199 евра
Да летаат над твојот дух во комерцијални пропелерски летови
Опремени со мобилни и фото апарати
И потоа да слетаат во твојот воден свет
Демек модерно дожиувување во нов примитивен аеродром на вода
Во твојата неискажлива чудесност
Како нова атракција
Па директно истите нарцис туристи сакаат да ставаат слики на „Facebook“
За да ги информираат веднаш пријателите од социалните мрежи
Дека го направиле тоа за смешна сума пари

Ужасна болка
Срамно
И девалвација на твојата непроценлива вредност
И нашата гордост за себе и самодовербата

Што следува
Се и ништо
Заробен си во свет со глупи и сериозни идеи
Во раце си од долари и евра
Несигурна тешка иднина или здравје 100% подобра за се и секого
Тага или радост

Не дозволувај се за секоја цена
Да те користат и малтретираат таканаречени фер (странски) инвеститори
Со исплеткани чудни (бог знајт како и од каде) инвестиции
Тие сакаат само пари, пари
Преку нашите грбови
И преку твоите бранови
Планини
Улици
Булевари
Преку нашите изградени богатства
Зачувани вредности и стандарди

Зафрканција или не
Трачеви
Планови
Шпекулации
Смешки
Критики
Грижи

Од сега си играчка
Лесна жртва
Како нежно еленче во темна опасна џунгла
Чувај си го имотот
Исто како што ги заштитуваат белите и тигрести ајкули нивните океански територии
Покажи заби
Доколку е потребно ако треба и силно, јако
Во овој непредвидлив живот
Чао Охридско Езеро
Се што правиш, број до десет и биди паметно
Имам доверба во твојата сила!

Поздрав
Влатко од Амстердам

*OhridNews ги објавува текстовите во рубриката Писма-Колумни во оригинал како што се испратени и редакцијата не сноси одговорност за содржината на истите.