Новајлијата во прволигашкото друштво, Струга Трим Лум имаше успешен почеток на тест средбите, откако во Охрид со убедливи 6-1 го совлада тимот на Вардар Форино. „Црвено белите“ сите дилеми околу победникот ги решија во првиот дел во кој постигнаа шест погодоци.
- Уште од стартот почнавме со жестоки подготовки. Беспоштедно транираме двапати на ден и нозете ни се многу тешки, но верувам дека резултатите во текот на сезоната ќе бидат слатки. Секако дека од победата сме задоволни и секогаш треба да бидеме, но има уште многу работа и време да почетокот на првенството. Во мечот со Вардар Форино влеговме мотивирано и решително, а таквиот пристап ни донесе лесни голови и убедлива победа. Продолжуваме со силниот интензитет на тренинзите и со нетрпение ги очекуваме следните контролни натпревари. – изјави стоперот на стружани, Арбен Тафо.
Струга Трим Лум во следните десеттина дена ќе одигра тест средби со Гостивар и Силекс а потоа заминува во Банско, каде ќе ги одработи финалните подготовки за почетокот од Првата лига.
OhridNews