На 9 и 10 февруари во Домот на културата во Лескоец-Охрид во организација на Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ успешно се одржа национален технички семинар со професорот Гранд Мастер, Ким Унг Чол (црн појас, деветти дан).
Таеквондистите четврти пат имаа можност да учат од еден од најдобрите мајстори во светот, а воедно и еден од челниците на Интернационалната таеквондо федерација (ИТФ). Гранд мастерот Ким Унг Чол семинарот го направи врвен покажувајќи му техники на секој таеквондист поединечно. Најголем акцент на семинарот Гранд мастерот стави на Давид Крстески кој во април месец ќе ја преставува нашата земја на Европското првенство во италијанскиот град Римини.
- Нашиот специјален гостин на техничкиот семинар беше презедаволен од организацијата, квалитетот и дисциплината на учесниците. Исто така успеавме да го прошетаме и да му ги презентираме убавините на нашиот град. Тој секогаш кога доаѓа во Охрид едноставно ужива и на нашите членови со задолвство им ги презентира најдобрите и најновите техники. – изјаци тренерот на „ХВА РАНГ ИТФ“, Марјанчо Лазаревски.
Од техничкиот семинар Македонија излезе побогата за двајца мајстори-носители на црн појас. Лазеревски и Ацо Јосифовски пред очите на Гранд мастерот покажаа одлично познавање на целата Таеквондо ИТФ техника и заслужено го добија црниот појас.
Организираторот на техничкиот семинар јавно му се заблагодари на генералниот спонзор ПН Метал кој долги години е ветар во грб на теквондо клубот во сите успеси.
OhridNews