Таеквондо клубот HWA RANG ITF, Лескоец- Охрид настапи на меѓународниот Таекфвондо ИТФ турнир, Прњавор 2015 кој се одржа на 14-15 март во Прњавор, Босна и Херцеговина.


Турнирот е еден од најпрестижните натпреварувања од овој спорт во регионот, а на него учестваа клубови од повеќе земји : Македонија, БиХ, Србија, Хрватска, Унгарија, Грција, Австрија, Словенија, Бугарија и Италија.

Дека турнирот е навистина силен говори и фактот што е сместен во официјалниот календар на Интернационалната и Европската Таеквондо федерација.

Одличен настап имаше клубот од Лескоец, Охрид- HWA RANG ITF кој на овој турнир настапи со 10 натпреварувачи и освои дури девет медали.

Освојувачи на медали:

Дисциплина форми-тул или повеќе познато како „Кати“:

Климоски Миле- сребрен медал тул 5-6 куп сениори;

Спироска Емилија- бронзен медал тул 7-8 куп кадети; -Кузмановски Климент- бронзен медал тул 7-8 кадети.

Дисциплина спаринг:

Димитриевиќ Божидар- сребрен медал во категорија +45 кг. кадети до 11 години

Митрески Христијан- бронза во категорија +45кг. кадети до 11 години

Јанески Антонио- бронза во категорија -40кг. кадети до 13 години

Митреска Христина- бронза во категорија -45 кг. кадети до 13 години.

Спироска Емилија- бронза во категорија -50кг. кадети до 13 години.

Климоски Миле- бронза во категорија -64кг. во сениорска конкуренција.

Од Клубот велат дека се задоволни со освоените 9 медали (7 бронзени и 2 сребрени), но и потенцираат дека се оштетени од страна на судиите за две први места.

Тоа со свои изјави го потврдиле и сите претставници на присутните клубови на натпреварувањето.

Ohridnews