Таеквондистот Дејан Георгиевски ќе биде знаменосецот на македонскиот олимписки тим на Игрите што од 23 јули до 8 август треба да се одржат во Токио. Информацијата, на Денот на македонското знаме, ја објави неговиот тренер Дарко Костовски.

Со особено задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на Олимписките игри во Токио, објави селекторот на македонската таеквондо репрезентација Костовски на социјалните мрежи.

Таеквондистот Георгиевски е првиот македонски спортист кој обезбеди настап на претстојните Олимписки игри во Токио, откако на 8 мај триумфираше во категоријата над 80 килограми на квалификацискиот турнир во Софија, совладувајќи го во финалната борба актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан.

Георгиевски најави дека неговата цел е освојување медал на Олимпијадата во Токио.

OhridNews