Како што јавува српски “Блиц”, СМС порака која предупредува на подготовка на атентат, а како мета се наведуваат претседателот на Србија, Борис Тадиќ, патријархот Иринеј, министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ и директорот на полицијата Милорад Вељовиќ, во петокот стигнала на мобилниот телефон на еден од високите функционери на српското МВР.


Во пораката се наведувало дека за разлика од планираниот атентат во Спортската сала „Борик“ во Бања Лука, новиот атентат по начинот на извршување ќе биде помалку спектакуларен.

Предупредувачката порака стигнала од мрежата на еден од српските оператори, а веднаш по приемот за нејзината содржина е запознат комплетно целиот врв на МВР.

„Пораката според содржината не е заканувачка, туку предупредувачка. Пораката ја пратил некој кој е упатен во случувањата во подземјето и до кого стигнале информации за подготовка на атентатот“ се наведува во текстот на „Блиц“, а според извор од српското МВР.

OhridNews