Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо бесот за поразот од Саутемптон (3-1) на Стемфорд Бриџ го истури врз Немања Матиќ кој беше внесен во игра на полувреме, а изваден 20 минути подоцна.


Србинот реагираше професионално и ја напушти играта без никакви проблеми, но Мурињо го навлече гневот од навивачите кои полека го губат трпението поради лошите резултати.

Победата на „светците“ во Лондон ја зачини Душан Тадиќ кој со маестрален дриблинг го легна својот соиграч од репрезентацијата Бранислав Ивановиќ.

„Светците“ си поигруваа со Челси на Стемфрод Бриџ (видео)

Ohridnews