Минатогодишниот полуфиналист Ајакс заедно со Интер се најголеми разочарувања во фазата по групи во Лигата на Шампиони. Холандскиот гигант во натпревар во кој му одговараше и реми изгуби од Валенсија 0-1 на домашен терен и мечеви ќе ги продолжи во Лигата на Европа. Второ натпреварување по ранг на стариот континент не е по мерка на Душан Тадиќ, кој не го криеше разочарувањето од прераната елиминација.
Лига Европа? Каква Лига Европа. Ние сакавме успех и титула во Лигата на Шампиони. Поразот и елиминацијата многу болат. Незнам што да кажам и не можам да го опишам натпреварот, а ситуацијата. Имаме десет бодови и отпаѓаме. Мечот беше чуден. Игравме добро во првото полувреме, а потоа примивме погодок. После 70-та минута од натпреварот немаше фудбал, имаше многу прекини. Имавме некои шанси, но не ги искористивме. Чудно многу чудно. – изјави Тадиќ.
Елиминациската фаза во Лигата на Европа ќе биде пандан на Лигата на Шампиони со оглед на имињата на екипите кои ќе бидат дел од жрепката. Ајакс во првата рунда од нокаут фазата противник ќе добие од ЛШ.
OhridNews