Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ со две асистенции и еден погодок беше моторот на Ајакс во победата (4-1) и сензационалната елиминација на Реал Мадрид во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони. Тадиќ брилираше на теренот, а „кралевите“ немаа одговор за Србинот кој го покажа сиот свој квалитет.

Најмногу внимание привлече дриблингот на Тадиќ пред вториот погодок кој го постигна Давид Невес.

Изгледа сум гледал премногу снимки од Зидан и неговите најдобрите потези. Од секогаш му се дивев на Зидан кој беше мој омилен фудбалер. Игравме против најдобриот тим на светот. Голема работа направивме што успеавме да победиме и да се пласираме понатаму. Поради вакви вечери потпишав за Ајас. Кога сите поединци се во служба на тимот можеме да постигнеме фантастични резултати. – изјави Тадиќ.

Ајакс помеѓу најдобрите осум екипи во Лигата на Шампион се пласира после 16 години. Последен пат холандскиот гигант во 1/4 финалето беше сезоната 2002/03 кога отпадна од Милан, кој подоцна се закити со трофејот победувајќи го Јувентус на пенали.

OhridNews