Секунди го делеа Ајакс од пласман во финалето од Лигата на Шампиони, а успешниот обид на Лукас Мура ги „скрши“ холанѓаните и го одведе Тотенхем во Мадрид каде ќе се игра финалниот натпревар. Ајакс имаше предност 3-0 во текот на мечот, но ја прокоцка, а според Душан Тадиќ, Ајакс не заслужил ваква елиминација.

  • Кога имаш чуство дека нешто заслужуваш, а не го добиваш, нормално е да си разочаран и лут. Никој не очекуваше дека Ајакс ќе игра полуфинале. Ова е фантастичен резултат, но ние одигравме на ниво и сакавме секогаш повеќе. Мора да признаеме дека ова е тажно, бидејќи ваква елиминација дефинитивно не заслуживме. – изјави Тадиќ.

До пласманот во полуфиналето Ајакс го елиминираше најтрофејниот клуб во ЛШ, Реал Мадрид и најголемиот фаворит сезонава Јувентус. Тотенхем во големото финале силите ќе ги одмери со Ливерпул.

OhridNews