Косовскиот претседател Хашим Тачи по средбите што ги имаше во Брисел со претставниците на Србија, за косовските медиуми изјави дека „е неоходно политичките партии да се обединат и да ја надминат политичката криза во која се наоѓа Косово“. Тој додаде дека соработката на партиите е потребна за Косово да формира Влада и за успешна работа на Собранието.
Косовскиот печат оценува дека изјавата на претседателот на Косово е поврзана со притисокот што ЕУ го врши врз Приштина за да го надмине политичкиот грч во кој се наоѓа Косово. И покрај обидите на Колицијата ПАН да формира нова влада и да го избере за премиер Рамуш Хајрадинај, сепак до овој момент има блокада на Собранието и не може да се избере влада. Истите извори наведуваат дека Хајрадинај се надева дека лидерот на ААК, Беџет Пацоли ќе го спаси со поддршката која ја најавува во интерес на Косово.
OhridNews
Макфакс