„Косово е незавизно, а Албанија стана членка на НАТО. Сега на ред сме ние да се интегрираме но ако Македонија не влезе во НАТО, сакам јасно да кажам дека Албанците не сакаат да бидат дел од  таква Македонија. Тогаш тие ќе и кажат збогум на Македонија затоа што сакаат да се дел од НАТО и нема сила која ќе ги спречи албанците да се интегрираат“ Ова го истакна лидерот на Демократската партија на Албанците -ДПА, Мендух Тачи, на предизборниот митинг што синоќа се одржа на плоштадот „Мајка Тереза“ во Струга.


Мендух Тачи

Кога ДПА е на власт таа ги застапува интересите на сите албанци без оглед на нивната партиска припадност, рече Тачи. Тој најави дека ДПА ќе го оствари стогодишниот сон на албанците кои интегрирани во
НАТО  заедно ќе живеат во Европа,и ги побара гласовите на албанците за да ги реализира тие приоритети.


ДПА од Струга вети дека ќе се залага за доимплементација на Охридскиот рамковен договор, и за ревитализација на Тетовскиот универзитет. Во изминатите 18 месеци реализиравме преку 800 проекти од што голем дел во западниот дел на Македонија каде живее најголемиот број од албанскаото население. Благодарение на таквата посветеност, абалнците во Македонија денеска имаат подобри услови за живот поквалитетно  здравство и подобро образование, рече потпретседателот на ДПА, Имер Селмани.


Имер Селмани

На митингот во Струга ДПА ја претстави кандидатската листа во 5-та ИЕ која ја предводи почесниот претаседател на партијата Арбен Џафери кој во своето обраќање истакна дека битката на албанците во Македонија сеуште не е завршена. „ Во 2001 година ДУИ кажа дека започнала  војна за слобода, но јас сметам дека албанците во Македонија не се ослободени. ДПА работи на трасираниот пат кој албанците треба да ги направи вистински рамноправни граѓани на Македонија“, рече Џафери.


Арбен Џафери

Митингот на ДПА во Струга на кој присуствуваа повеќе илјади симпатизери на партијата мина во мирна атмосфера и без инциденти.


Митингот на ДПА во Струга мина еуфорично но мирно

Г. Момироски