Извонреден звук, визуелни ефекти, стилски детаљи и добра журка, го одбележаа отворањето на новиот ноќен клуб “Taboo“ во хотелот “Белви“ во Охрид.
Дискотеката е супер, можеше да се чуе на забавата (имаше над 1000 посетители). Присутните ги загреваа професионални танчерки, а главната журка почна нершто пред полноќ со познатиот ди-џеј Бабура од Скопје.
Сите оние кои не можеа да присуствуваат на отворањето можеа барем малку да ја почувствуваат забавата низ директниот пренос на охридското “Супер радио“.
Ги запалија присутните
Местото е кул, и ќе ви се допадне. Не недостигаат детаљи, но и не е “накинџурено“. Секој елемент од ноќниот клуб стислки е осмислен. Централниот дел има пристојно голем подиум, околу кој има делови за џускање и седење. Тој дел има само еден шанк што можеби е мала мана, но затоа тој е прилично голем и функционален.
Дел од атмосферата
Дискотеката има ВИП простории во кои влезот разбирливо е ограничен само за гости со специјални пропусници. Има неколку влезови, на кои ќе ве пречека обезбедување со професионален однос (иако морам да признам малку насмевка не ќе е на одмет-сепак е место за забава), гардероберот е одлично организиран, тоалетите функционални, лајт шоуто и другите ефекти перфектни.
“Taboo” – дискотека од милион долари
“Taboo“ постави е нов квалитет во ноќниот живот во Охрид, но и репер како треба да изгледа добар, светски клуб. Браво!
Г. Момироски
фото: Дигитал фото “Мики“