Од идната година, Министерството за образование и наука ќе започне со реализација на проектот „Таблет за секое дете“ и за три години ќе набави 300.000 таблети, објавија неколку национални медиуми. Според изјавите од надлежните, се уште не е одлучено што ќе биде со компјутерите кои беа набавени со проектот „Компјутер за секое дете“.
-Во првата фаза ќе се потрошат 152 милиони денари и таблети први ќе добијат средношколците. Во 2017 година, таблет ќе добијат основците од шестто до деветто одделение и во 2018 година најмалите од прво до петто, изјавија за медиумите надлежните од министерството.
Додека трае набавката, ќе се врши и обука на наставниот кадар за работа со таблети, што беше еден од проблемите кога Владата набави компјутер за секое дете.
OhridNews