Јапонската влада експресно ги демантираше информациите на англискиот весник „Тајмс“, кој вчеравечер информираше за ново одложување и откажување на Летните олимписки игри во Токио.

Причина за откажување на тајниот состанок на највисокиот врв од јапонската влада била кризата предизвикана како последица од коронавирусот.

Сепак, домаќините експресно реагираа и ги демантираа информациите на „Тајмс“, наведувајќи дека никогаш не станало збор за ново одложување или откажување на Летните олимписки игри.

Олимписките игри во Токио беа одложени минатата година за годинава, откако пандемијата на коронавирусот силно ги погоди речиси сите земји во светов.

 

OhridNews