Светот е на праг на катастрофален морален пад со дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој ги повика државите и производителите поправедно да дистрибуираат вакцини низ целиот свет.

Не само што овој пристап – „прво јас“ ги загрозува најсиромашните и најранливите, тој е и самоуништувачки, рече Тедрос на отворањето на годишниот состанок на Извршниот одбор на СЗО во Женева.

Како што истакна, на крајот, таквите постапки само ќе ја продолжат пандемијата.

OhridNews