Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека сите хипотези за потеклото на коронавирусот, кој предизвика пандемија, остануваат отворени.

Покренати се некои прашања дали одредени хипотези се отфрлени. Сакам да појаснам дека сите претпоставки се отворени и бараат натамошни проучувања, истакна Гебрејесус.

Corona virus

Тој додаде дека тимот на СЗО во Кина се уште работи на завршниот извештај и му се заблагодари на независниот експертски тим за, како што рече, „многу важната научна вежба во екстремно тешки околности“.

Експертскиот тим кој го проучува потеклото на коронавирусот соопшти во вторникот дека е „сосема неверојатно“ дека тој се проширил од вирусолошката лабораторија во кинескиот град Вухан и тоа „не е хипотеза за која сметаат дека подразбира натамошно проучување“.

OhridNews