Светската здравствена организација изрази загриженост откако епидемиолозите открија зачестена појава на пренесување на коронавирусот од луѓе без симптоми (асимптоматски случаи), што придонесува за ширење на пандемијата поради што многу е тешко таа да се сузбие.

Иако се сметаше дека таквата појава е многу ретка, многу земји во СЗО пријавиле случаи на ширење на заразата од луѓе кои се асимптоматични.

Многу од тие луѓе имаат благи или необични симптоми. – изјави на прес конференција епидемиологот Марија ван Керков од СЗО.

Според светската здравствена организација овој вид на ширење на болеста не ја поттикнува пандемијата, но придонесува за нејзино пренесување со околу 6%.

OhridNews