Светската здраствена организација го стави регионов, вклучително и Македонија на листата ризични за ширење на полио вирусот од Сирија, соопшти денеска Институтот за јавно здравје, пренесува „Макфакс“.

„Со оглед на моменталната ситуација во Сирија, честите движења на населението во регионот и субнационалните „џебови” во имунизацијата во клучните области, ризикот од меѓународно ширење на дивиот полио вирус Тип 1 во регионот се смета за висок.

Надзорот е поставен во состојба на алерт во целиот регион со цел активно пребарување на дополнителни потенцијални случаи“, се вели во соопштението.

СЗО, преку публикацијата „Меѓународно патување и здравје“ порача сите оние жители кои што се зафатени со полио од овие областа кај Сирија да бидат вакцинирани против полио.

Противепидемиските мерки од пошироки размери ќе почнат од ноември и ќе траат од шест до осум месеци.

Во Сирија биле испитани повеќе случаи, каде било откриено заболување од вирусот Тип1 по што веднаш истите биле изолирани. Изолацијата ќе трае се додека не се откри потеклото на изолираниот вирус.  Најголем дел од заболените се деца до двегодишна возраст, а меѓу заболените има и лица кои се вакцинирани и кои не се вакцинирани.

OhridNews
извор:Макфакс“