„Во ситуација когa вирусот Х1Н1 е раширен и кружи низ човечката заедница, државите мораат да очекуваат уште случаи на сериозни и фатални инфекции. Ние во овој момент очекуваме изненадувачки и драматичен скок нa сериозни болести и смртни случаи“, изјави Маргарет Чан, директор на Светската здравствена организација – СЗО.
Во своето обраќање на годишното Собрание на СЗО, Чан предупреди дека државите ширум светот треба да бидат подготвени за уште посериозни инфекции на вирусот Х1Н1.
Според последните податоци на СЗО, вирусот на новиот грип е регистриран кај 11 илјади лицa во 42 држави во светот, а 86 починале.