Новиот вид на коронавирусот откриен во Велика Британија, што брзо се шири, „не е вон контрола“, соопшти денеска Светска здравствена организација повикувајќи да се преименуваат досегашните проверени мерки.

Имавме фактор РО (стапка на репродукција на вирусот) многу поголем од 1,5 во разни моменти во оваа пандемија и ја совладавме. според тоа оваа ситуација во таа смисла не е вон контрола, изјави директорот за итни здравствени ситуации при СЗО, Мајкл Рајан.

Неговата изјава уследи откако британскиот министер заздравство Мет Хенкок вчера оцени дека „новиот вид коронавирус „е вон контрола“.

Мерките што во моментот постојат се добри. Треба да продолжиме да го правиме тоа што го правевме досега. Можно е да биде потребно поинтензивно и подолго време да работиме за да се осигураме дека можеме да го совладаме овој вирус, истакна Рајан.

Голем број држави од вчера ги затворија границите со Велика Британија и со Јужна Африка поради појавата на новиот вид накоронавирусот со цел да се избегне негово ширење.

OhridNews