Светската здравствена организација – СЗО, соопшти дека испитува до сега непозната болест од која починаа неколку луге.

„Клиничката слика кај повеќето случаи вклучува треска, главоболка, дијареа, болки во стомакот и повраќање“, се наведува во соопштението.

СЗО додаде дека не се знае точниот број на починати и колку се заразени, туку само дека половината од заразените се деца под десет години.

Стручни лица од СЗО се на терен и земаат узорци за тестови во лабараторија.
 
За сега не се знае причинителот на болеста.

„Националната здравствена служба превзеде мерки на претпазливост, како што се подобрување на хигиенските услови и обезбедување на питка вода“, се додава во соопштението на СЗО.