Досега во референтните лаборатории се потврдени 658 случаи на лица инфицирани од вирусот H1N1 на новиот грип од типот А во вкупно 16 земји, соопшти Светската здравствена организација – СЗО.

Најмногу заразени од грипот има во Мексико (397 лица), следат САД (160) и Канада (51).

Во Европа според СЗО, досега се потврдени 15 случаи во Велика Британија, 13 во Шпанија, 6 во Германија, 2 во Франција и по еден во Австрија, Данска, Холандија и Швајцарија. Заболени од новиот вирус на грип се регистрирани и во Нов Зеланд, Израел, Јужна Кореја, Кина и  Костарика.

ohridnews