Светската здравствена организација (СЗО) во рамките на солидарити фондот, донираше лична заштитна опрема за здравствените работници на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Пратката содржи 293.700 парчиња опрема за лична заштита, односно 65000 медицински маски, 122000 N95 заштитни маски, 5200 очила, 10500 заштитни наметки и 91000 ракавици, а вредноста на донацијата изнесува 305.000 американски долари, информира министерот за здравтсво Венко Филипче.
OhridNews.