Очекуваме акутната фаза на пандемијата да заврши оваа година, под услов, се разбира, 70 отсто од светското население да биде вакцинирано до средината на годината, во јуни и јули, изјави шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, кој е во посета на Јужна Африка.
Директорот на СЗО ги посети лабораториите на биотехнолошката компанија Африген со седиште во Кејптаун, која ја произведе првата вакцина против Ковид врз основа на гласник РНК во Африка.
Произведена со секвенционирање на јавно достапниот генетски код на лабораторијата Модерна, оваа вакцина ќе биде подготвена за клиничко испитување во ноември, а нејзиното одобрување е планирано за 2024 година.
Оваа вакцина ќе биде подобро приспособена на условите во кои ќе се користи, со помали барања за складирање и пониска цена, рече Тедрос.
Проектот на Африген е поддржан од СЗО и меѓународниот механизам за пристап до вакцини Ковакс.
Само 11 отсто од Африканците се вакцинирани, што е најниска стапка во светот. Континентот мора „шесткратно да ја зголеми стапката на вакцинација“ против коронавирусот за да се надева на планот за вакцинација од 70 отсто поставен за крајот на првата половина од 2022 година, соопшти СЗО во Африка.
OhridNews