Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја одобри за итна употреба вакцината на „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд.
СЗО во соопштението наведува дека вакцината произведена од „АстраЗенека-СКБио“ (од Јужна Кореја) и Институтот за серум од Индија е одобрена, јавија британските медиуми.
Сега ги имаме на располагање сите делови за брза дистрибуција на вакцините. Но, сепак, треба да го зголемиме производството. – рече Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО.
Вакцината беше одобрена неколку дена откако панелот на СЗО обезбеди привремени препораки, велејќи дека на возрасните мора да им се дадат две дози во интервали од околу осум до 12 недели, а може да се користат и во земји со јужноафриканска варијанта.
Одобрувањето на вакцината на „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфор беше поздравено затоа што е поевтина и полесно се дистрибуира од другите вакцини, вклучително и вакцината на „Фајзер/БиоНТек“.
OhridNews