Светската здравствена организација денеска ја одобри вакцината на Џонсон/Џонсон против Ковид-19 за итна употреба.

СЗО „ја вклучи вакцината против Ковид-19 Ad26.COV2.S развиена од Џансен (Џонсон и Џонсон), во списокот на препарати за итни случаи во сите земји и за (Меѓународен механизам за пристап до вакцини)“, се наведува во соопштението од оваа организација.

СЗО потсети дека оваа вакцина вчера беше одобрена од Европската агенција за лекови.

Досега, списокот на СЗО со вакцини препорачан за употреба против Ковид-19, ја вклучуваше само вакцина Комирни, ко-развиена од Фајзер од САД и БиоНТек од Германија, како и две варијанти на вакцини од британско-шведската компанија АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд

Секоја нова, безбедна и ефикасна алатка против Ковид-19 е уште еден чекор поблизу до контролата на пандемијата, наведе шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.

OhridNews